На инивијативата на Христијан Мицкоски партијата Левица потврди дека влегува во коалаиција со десничарската ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, каде што парламентарната опозиција ќе го има мнозинството, со 24 советници.

Освен Левица, која има четири советници, во новото мнозинство, покрај десничарската ВМРО-ДПМНЕ (18 советници), ќе учествува и исто така десничарската коалиција Алијанса/Алтернатива, која освои две советнилки места во Градското собрание.

„Официјално ДУИ и СДСМ ја изгубија локалната власт во главниот град. Парламентарната опозиција обезбеди мнозинство во Советот на Скопје,“ се наведува во соопштението на Левица.

Тој на големиот македонски празник 23 – Октомври денот на македонската револуционерна борба истакна дека ВМРО обединува, ВМРО му припаѓа на народот.

Инаку, во вториот круг на изборите ВМРО-ДПМНЕ оди во голема предност со победа во 22 општини, владејачката СДСМ во 9, ДУИ на 3, а во 44 општини победникот ќе се одреди во вториот круг. Во две општини поради мала излезност ќе се повтори целата изборна постапка.

Се очекува по вториот голема победа на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, а како клучен е Градот Скопје каде Данела Арсовска влегува со предност од 8000 гласови.