Испитната сесија која е во тек исто така продолжува комбинирано, посочува УСС, односно според одлуката на професорот дали испитот ќе се спроведува онлајн или со физичко присуство, со почитување на мерките за заштита од КОВИД-19.УСС на УКИМ на фејсбук-страницата информира дека е донесен заклучок да се овозможи отворање вакцинален пункт на на Универзитетот за да се олесни процесот на вакцинација на студентите и кадарот на Скопскиот универзитет.
– Од Владата ќе се бара изготвување протоколи за високо образование и допрецизирање на Одлуката за измени и дополнувања на Одлуката за превентивни препораки, привремени мерки, наредни мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување и заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД 19, соопшти УСС на УКИМ.