– Планот содржи активности кои ќе се одвиваат во повеќе фази, започнувајќи од измени на постоечката легислативна рамка како основа за преземање процесни дејствија (е-маил и е-достава) со учесниците во постапките, ИКТ алатки за судења на далечина или изведување само на некои докази на тој начин, обезбедување на судовите со соодветна ИКТ опрема, интернет конекција и други потребни уреди за изработка на електронски документи, користење дигитални сертификати (потписи) и дефинирање на дигитален идентитет за странките, адвокатите и другите учесници во постапката, како и унапредување на АКМИС, обезбедување доволно ИТ кадри и нивна континуирана обука за користење на системот и опремата, додава Заев.

Заедно со министерот за правда, Бојан Маричиќ утре на прес-конференција ќе информираат подетално за дигитализацијата на судството, како дел од приоритетите за реформа во судството и зацврстување на правната држава