– Очекувам да биде даден предлог за негово разрешување. И тоа од Љупчо Николовски, изјави премиерот Заев.

Во случајот со директорот на пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски, Заев веќе е решен да го разреши, а Кодексот нуди и поблага мерка.

Алсат праша во Владата дали Николовски му укажал на Пауновски за однесувањето, но одговор денеска не добиле, ниту од прес службата, ниту вицепремиерот Николовски. Одговорил само Пауновски.

– Немам добиено такво укажување, рече за Алсат Стојко Пауновски, директор на ДПИ.

Владиниот етички кодекс на Пауновски му наложува да мора да ја одобри прераспределбата на административците, иако смета дека тие нема да ја вршат работата. Директорот може да добие и парична казна, но по друг закон.

Член 7 од Закон за преземање на административци во МПСОЗ

„Глоба во износ од 2.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на одговорното лице во институцијата доколку не ги усогласат актите за внатрешна организација и актите за систематизација на работните места согласно со членот 5 од овој закон.“

Вработените во Државниот пазарен инспекторат го поддржаа нивниот директор Стојко Пауновски. Тие утре до Владата ќе ја достават петицијата со која ќе бараат средба со премиерот Заев, откако тој најави негово разрешување поради пркос и одбивање прераспределба на административците.