Поради промена на шибер со пречник од 80 милиметри на булевар „ВМРО“ број 1 во скопската населба Центар, утре од 8:30 часот прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од улицата „Васил Главинов“ и од булеварите „Илинден“ и „ВМРО“.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:30 часот до санирање на дефектот.