Кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претпладне од јужен, а попладне во горниот дел на Повардарието од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје ќе биде сончево, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Следните денови ќе се задржи сончево и топло време со умерена облачност. Во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Во среда ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер што ќе предизвика дневната температура во следните денови да биде пониска за неколку степени.