Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека таквите процеси ќе бидат најзастапени во северозападниот дел.
Од Дирекцијата за заштита и спасување известуваат велат дека сите екипи се на терен. Според нив се контролираат сите канали за да не дојде до несакани излевања и поплави. Најкритични места се Илинден и Рашче. Во меѓувреме, Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ апелира до граѓаните да не ги паркираат своите автомобили под дрвја поради опасност од нивно паѓање при невреме.
Вчера за време на поројните дождови имале интервенции во три општини на Град Скопје, во Гази Баба, Кисела Вода и во Центар.