Ќе се врши авионска дезинсекција во раните утрински часови.

Ова е дел од втората фаза на дезинсекција на територија на град Скопје. Терестричната дезинсекција ќе се одвива во текот на денот.

Притоа, од Градот известуваат дека доколку временските услови се неповолни, авионското прскање ќе биде одложено и соодветно на тоа, граѓаните навреме известени.

Пчеларите треба да ги преземат мерките за заштита на пчелините семејства.