Регулаторната комисија за енергетика утре ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати.

Согласно последната одлука, цената на дизелот се намали за два денари, а мазутот на 1,215 денари.

Цените на бензините и екстра лесното масло за домаќинство останаа непроменети.

Ова се актуелните цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 90,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 99,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 97,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 52,740 (денари/килограм)