Дуото Ковачевски ја донесе енергетска криза до состојба на ескалација, криминалот и неспособноста на дуото Ковачевски ги пљачка граѓаните и продава евтина струја произведена во Македонија на трговци кои потоа ја препродаваат за големи заработки, изјави на денешната прес-конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Таа вели дека имаат нов доказ за тоа.

-АД ЕЛЕМ за период за периодот од 1 до 5 август, продава ноќни вишоци по цена од 245 евра за MWh додека за истиот тој период цената на струјата на HUPX е 372 евра за MWh. Разликата односно заработка која некој трговец си ја ставил во џеб е 158.550 евра. Веќе објавивме дека преку резултатите од продажба на ЕСМ може да се види дека како купувач на струјата во повеќе периоди се јавува фирмата ДАНСКЕ КОМОДИТИС ДООЕЛ која се јавува како купувач на струјата и во овој период. Она за што СДСМ немаат одговор е прашањето дали поранешен директор на агенцијата за странски директни инвестиции во периодот од 2004 до 2006 година, кадар на СДСМ е лицето кое работи во истоимената фирма што може да се види преку неговиот профил на лицето на социјалната мрежа LinkedIN каде како работно место му е наведено дека е регионален менаџер за односи? Дали вака се договара заработката за трговците која ја плаќаат граѓаните? Заклучокот од се ова е дека македонија, граѓаните и ЕЛЕМ за само 25 часа се оштетени за близу 10 милиони денари и наместо вишоците да бидат понудени на стопанството кое плаќа според HUPX струја и грчевито се бори да опстане и да ги задржи работниците, парите се крадат и завршуваат во приватни џебови, истакнува Митева.

Нагласува дека лажни се тврдењата на СДСМ дека обезбедуваат поголемо домашно производство на електрична енергија, а уште поголема лага е дека СДСМ помага со субвенции на сметките на струја на домашните фирми. Македонското стопанство плаќа цена на струја и до 800евра за MWh, а во исто време домаќинствата плаќаат до 50% повисоки сметки за струја, во споредба со лани.

Граѓаните се во длабока сиромаштија, а фирмите пред затворање. Сето тоа е вина на власта која наместо да помогне, овозможува профит на поединци блиски до неа.