Скопјани ќе можат утре, на празникот Рамазан Бајрам, бесплатно да се паркираат на повеќето паркиралишта кои се во надлежност на ЈП „Градски паркинг“, но не и во катните гаражи, каде ќе се врши редовна наплата.

Од претпријатието информираа дека јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и Осми Септември, ќе бидат слободни за паркирање.

– Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање – без наплата. Јавните паркиралишта пак, Кочо Рацин, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“, Треска, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време и наплата од 00:00 до 24:00 часот – соопштија од ЈП „Градски паркинг“.