Граѓанската иницијатива Независни за Карпош објави дека утре (недела, 10 декември) во 18 часот во Кинотека на Македонија (библиотека Другарче) ќе се одржи настан поврзан со ДУП-овите кои се носат во Општина Карпош.

„Во тек се припреми за Детални урбанистички планови на повеќе блокови 306 – Тафталиџе 1. На Јавните презентации и јавни анкети не дозволуваат учество на сите засегнати, само на жителите кои се на планскиот опфат, а промените се толку големи, што не само што непосредно ќе влијаат врз животот на Тафталиџе 1, туку и на соседните четврти, па и на целиот град Скопје“, стои во поканата за собирот на Независни за Карпош.

Од таму посочуваат дека целта на овој собир е да ги презентираат нивните сознанија за тоа што се случува во однос на урбанизмот, Советот на општината и ги слушнат граѓаните, нивните ставови и проблеми со кои директно се соочуваат.

Собирот доаѓа по најавите дека на местото на поранешната фабрика „Алумина“ е планиран голем комплекс со вкупно осум нови згради, од кои шест со висина од 9 до 14 катови, а две големи кули од 25 до 35 катови.

Повеќе на радиомоф.мк