Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, утре (02.06.2026) со почеток во 17:25 часот во Владата на Република Македонија ќе оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.
Ќе биде остварена тет-а-тет средба, по што ќе следи состанок помеѓу владината делегација и делегацијата предводена од претседателот на Европскиот совет.
Во 18:30 часот претседателот на Владата Христијан Мицкоски и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта ќе одржат во Владата заедничка прес-конференција.
