Лажна дојава за бомби во „Сити Мол“

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска (25.04.2026) на нивна електронска адреса пристигнала закана за поставени експлозивни направи во трговскиот центар „Сити Мол“ во Скопје. Веднаш по приемот на пораката, полициските служби реагирале и презеле активности за проверка на наводите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24 часа 🇲🇰 (@24chasa.mk)

Полицијата изврши контроли на терен

Од МВР соопштуваат дека биле преземени соодветни мерки и проверки во внатрешноста и околината на објектот. По извршените проверки било утврдено дека станува збор за лажна дојава и дека нема поставени експлозивни направи.

Серија лажни пријави во трговски центри

Во изминатите денови, слични закани биле упатени и за трговските центри „Дајмонд“ и „Ист Гејт Мол“. Надлежните институции продолжуваат да работат на расчистување на ваквите случаи.