Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.
Во Скопје сончево со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 22 степена.
Во следните денови ќе преовладува сончево време со студени утра и релативно топло преку денот. Дневната температура ќе биде во благ пораст, а утринската наместа ќе се спушта под нулата.