На Попова Шапка утрово се измерени -6 степени Целзиусови. Следат Маврови Анови и Крушево со -3, -1 во Берово и Крива Паланка, 1 Куманово, 2 Битола, Прилеп, Охрид, Претор, Дебар, Виница, 3 Тетово, Штип, 4 Скопје Зајчев Рид, Скопје-Петровец, 6 Дојран, Демир Капија и 7 во Гевгелија.
За изминатите 24 часа до 7 часот (во л/м2) наврнат воден талог има во Дебар 4 л/м2, 3 Попова Шапка, 2 Штип, Берово, Крушево, Маврови Анови, 1 Охрид, Виница, и помлаку од 1 л/м2 во Скопје Петровец, Тетово, Крива Паланка и во Куманово.
Снежната покривка во 7 часот на Попова Шапка е 5 см, а 2 во Крушево и Лазарополе.
Времето денеска наутро променливо облачно, во текот на денот сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.
Во Скопје сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Ќе дува засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 12 степени.