МЗТ Скопје во малку невообичаен термин (12 часот) ќе ги одмери силите против Мега во рамките на 21. коло во АБА-лига. Актуелниот македонски првак ја продолжува битката за опстанок во ова натпреварување и натаму е последен на табелата, но во последните мечеви покажа дека токму таа позиција на е реална за моменталната форма во која се наоѓаат кошаркарите, објави Спортмедиа.

Избраниците на Драган Николиќ зад себе го имаат триумф против ФМП на домашен терен, па во Белград дојдоа со голема самодоверба и одлична атмосфера, која треба да ја преточат на теренот за да дојдат до целиот плен.

Триумф ќе значи, нов голем исчекор кон опстанокот против тимот кој е во горниот дел од табелата, но кој исто така падна во Скопје.

„Пред нас е исклучително важен натпревар во борбата за остварување на примарната цел во АБА-лига, а тоа е опстанокот. Играме добро во последно време, формата е во нагорна линија. Ќе сториме се да ја искористиме позитивната енергија и да пробаме да славиме во Белград“, изјави Дастин Вер.

МЗТ Скопје има скор од четири победи и 16 порази, бодовите на гостински терен се многу значајни во оваа трка за опстанок.