Утрово најстудено е на Попова Шапка.

Според информациите на Управа за хидрометеоролошки работи утрово во 07:30 часот биле измерени -10 степени.

Следуваат -6 степени во Крушево и Маврови Анови, -3 во Охрид, Претор, Дебар, -1 во Струмица, Берово, 0 степени во Крива Паланка, Тетово, Битола, Прилеп, Виница, Штип.

1 степен во Куманово, Гевгелија 2 во Демир Капија, Скопје-Петровец, Кавадарци, 3 во Велес.

Висината на снежната покривка во 7 часот во Берово изнесувала 6 см, додека пак на Попова Њапка била 5 см.