Од фотографиите, се гледа дека станува збор за возило „Цитроен“, кое засега од непознати причини се искачило на поткачениот дел, односно жардинерата што ги разделува коловозните ленти на булеварот. Во непосредна близина е и пешачки премин.
Засега, нема информации дали во сообраќајката има жртви или повредени. Во моментов, екипи на сообраќајната полиција вршат увид.