Граничниот премин Рафа меѓу Појасот Газа и Египет утрово е затворен, јави Би-Би-Си.

Хамас нагласи дека сака на повеќе повредени луѓе да им биде дозволено да излезат од Газа преку преминот пред да им се дозволи на повеќе странски државјани да излезат.

Преминот меѓу Појасот Газа и Египет, преку кој влегуваа хуманитарни конвои и излегуваа странски државјани и повредени, вчера исто така беше затворен за луѓе, соопштија агенциите на ОН. Канцеларијата за координација на хуманитарна помош на ОН (ОЦХА) соопшти дека преминот е затворен „од непотврдени причини“.