Млада жена падна од 6-ти спрат попладнево во Скопје, дознава КУРИР.

Несреќата се случи во скопската населба Бутел, на улицата „Босна и Херцеговина“.

Жената со возило на Брза помош беше однесена во болница, а на лице место е излезена полициска екипа, дознава КУРИР.

Очевидци за КУРИР велат дека во моментот кога дошла Брзата помош, жената била жива, но во многу тешка состојба.

КУРИР побара детали од МВР за оваа несреќа. Од таму потврдуваат дека жена е пронајдена во бесознание во Бутел.