Се одржа погребна церемонија на Евгениј Пригожин, шефот на платеничката група Вагнер, кој загина минатата недела во авионска несреќа, пренесува Slobodnaevropa.mk.

„Збогувањето со Евгениј Викторович се одржа во затворен амбиент. Оние кои сакаат да се збогуваат можат да ги посетат гробиштата Пороховскоје“, се вели во каналот на Телеграм што го користела групата Вагнер за изјави дадени на 29 август, мислејќи на гробиштата непосредно пред градот Санкт Петербург.

Рускиот истражен комитет го потврди падот на прватниот авион во кој беше Пригожин кој се случи северно од Москва на 23 август.

Причината за несреќата засега не е утврдена.

Приватниот авион во сопственост на групата платеници Вагнер се урна на пат од Санкт Петерсбург до Москва, а како што соопштија официјални претставници на компанијата Пригожин, бил меѓу десетмината на листата патници.