Заклучно со вчера се вакцинирани вкупно 638 428 граѓани, а ревакцинирани 495 803, односно аплицирани се вкупно 1 134 231 дози вакцини. Прва доза вчера примиле 13 275, а вкупно се вакцинирале 17 623 граѓани.
Со последните бројки, барем една доза вакцина примиле 70 отсто од населението над 70 години, 67 проценти од луѓето над 65 години, 63 отсто од тие што се повозрасни од 60 години и 53 отсто од населението над 50 години.
Покрај на пунктовите, вакцинацијата се одвива и на терен на територијата на целата држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба.
Министерството за здравство апелира на масовно вакцинирање за да се спречи тешка форма на болеста и да се намали ризикот од заболување, како и смртен исход.
Потсетува дека за вакцинирање не е потребно закажување кое важи само за малолетници од 12 до 17 години кои треба да бидат пријавени за термин на веб-страницата vakcinacija.mk.
– Сите вакцини се безбедни и ефикасни и се единствен начин да се победи пандемијата, додава Министерството за здравство во соопштението