Дијана Коцева-Миланова одговорен лекар на вакциналниот пункт во Штип вели дека ова е дел од теренските активности на здравствените работници од Здравствениот дом „Панче Караѓозов“, кои се вклучени во процесот на имунизација.
Се прави планот и за посета на сите штипски и карбински села, со цел да им се излезе во пресрет на повозрасното население, кое сака да се имунизира. Во текот на утрешниот ден ќе го објават планот, за да жителите од руралните средини знаат, кога екипата ќе пристигне во нивното село и каде ќе се аплицираат вакцините.
– На пунктот во салата „Јордан Мијалков“ веќе доаѓаат родители, кои прашуваат за вакцинирање на нивните деца, кога ќе ги добиеме насоките од Министерството за здравство ќе објавиме и ќе го информираме населението, вели Коцева-Миланова.
Вакциналниот пункт во салата „Јордан Мијалков“ ќе биде отворен до крајот на месецов, каде што граѓаните кои ја примиле првата доза и ќе бидат ревакцинирани, а од понеделник се отвара и пунктот во Здравствениот дом „Панче Караѓозов“, каде што граѓаните ќе ја примаат првата доза на вакцина.