Ова е доказ дека вакцините против коронавирус се ефикасни. Велика Британија е меѓу водечките земји во светот кога станува збор за вакцинациите и досега повеќе од 34,6 милиони луѓе ја примиле првата доза, додека повеќе од 15,4 милиони ја примиле втората доза.

Здравствените власти велат дека ваквата статистика не е забележана од август минатата година. Последен пат имаа една жртва на 3 август 2020 година. Додека на 30 јули 2020 година беше единствениот ден од почетокот на пандемијата во кој Велика Британија не пријави жртви од ковид-19.

Тие исто така наведуваат дека се забележува опаѓање на новите случаи, нагласувајќи дека минатиот понеделник се регистрирани 2.064 нови случаи на инфекција. Денешниот ден се одбележува како ден со најмал број на новоинфицирани од септември, кога вториот бран на вирусот започна да ја зафаќа Британија.

Сепак, тие додаваат дека и понатаму треба да се биде претпазлив и дека овие бројки треба да се земат со резерва, имајќи предвид дека се работи за „викенд бројки“, кога има мало задоцнување во обработката на извештајот.