Досега 664 лица по првото боцкање имале позитивен ПЦР тест, но најверојатно биле заразени во моментот кога дошле на ред за имунизација, се наведува во анализата на ИЈЗ. Од нив 22-ца граѓани починале, но не од вакцината туку од компликации од вирусот, тврдат од министерството за здравство, објави Сител.
Нема смртни случаи како последица на примена вакцина во нашата земја. Според податоците лицата кои биле потврдени како ковид позитивни по примена вакцина, и починале за истите е констатирано дека биле во период на инкубација на вирусот кога ја примиле вакцината. Тие настани се имаат случено во рок од 14 дена, односно во период во кој вакцината не обезбедува заштита. Тие кога дошле на вакцинација немале симптоми, но го носеле вирусот во себе, велат од министертвото и додаваат дека сите вакцини кои се користат во нашата држава се ефикасни и безбедни, одобрени од СЗО.
Заклучно со вчерашниот ден аплицирани се 267.167 дози, а комплетно вакцинирани се близу 43.000 граѓани.
Освен спорадични случаи на покачена температура, малаксаност и болка во рамото, досега не се пријавени посериозни компликации од вакцините информираат од министерството за здравство.