Ван Бронхорст, кој настапуваше за Ренџерс од 1998 до 2001 година, го наследи на тренерското место Стивен Џерард, кој претходно овој месец одлучи да го прифати повикот од Астон Вила.

– Среќен сум што ќе работам со екипа, која е на одлична позиција во сите натпреварувања. Се надевам дека така ќе продолжиме. Благодарен сум што добив можност повторно да работам во овој голем клуб, изјави на промоцијата Ван Бронхорст.