Вандалски чин ги вознемири жителите на Штип откако во саботата наутро се искршени вратата и прозорец на црквата „Цар Константин и царица Елена“.
Од тамошните власти стигна известување дека саботата утрото овој настан бил пријавен во СВР Штип. Веројатно ноќта меѓу 4 и 5 октомври непознат сторител ја оштетил влезната врата и скрши стакло на еден од прозорците. Влезната врата била дрвена. За среќа, не биле одземени предметите од внатре.
Ваквиот чин доаѓа само седум дена по вандалскиот чин во скопско Драчево каде беше уништена икона на Исус Хрисос во големиот парк во Драчево, а веднаш до неа беше оставен и Куранот.
Вакви вандалски чинови имаше во повеќе цркви во претходнте месеци.