Професорката Билјана Ванковска се огласи на својот Фејсбук профил за да ги изрази своите размислувања за негативниот извештај објавен од Европската комисија (ЕК). Нејзините забелешки конкретно се однесуваат на претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен.

„ Урсула (сѐ ме наведува да ја наречам Круела) и нејзината Комисија во заминување се обидуваат да играат на геополитичката шаховска табла, па ги вклучуваат Украина (или она што остана од неа), Молдавија и Грузија во приказната за проширувањето. Нашиве, покрај сета тортура врз Македонија и Македонците, бројат минуси и плусови. Па од извештајот прават алатка за меѓусебно пресметување.

Да, извештајот е катастрофа (таков ни е и животот, не ни треба Урсула за тоа). Но, сето тоа е глумење Копенхашки критериуми и стандарди.
На Круела ѝ е најважно дека владите се заколнале на верност на Западот. И да, Уставот требало да го смениме “суверено”.
Much ado about nothing! Притоа, поддржуваме геноцид и стоиме со Израел.“, напиша таа на фејсбук.