Кога слушнав дека во Левица го тестирале моето име и сум испливала и ме препознале како блиска до нив на првото соопштување, или кога Апасиев ми ја соопшти веста преку еден месдинџер умрев од смеа, не мислев дека е сериозно, рече професор Билјана Ванковска на денешната прес конференција со претседателот на Левица, Димитар Апасиев на која ја претстави за кандидат за претседател на Македонија на претстојните избори од редовите на Левица.
„Не мислам само да учествувам, ако сум се нафатила чесно ќе се борам со сиот респект кон било кој кандидат”, рече Ванковска
Благодарност до Левица која ми ја даде довербата, јас се чувствувам дел од тимот иако не сум член на партијата. Коментирав настани во моментот кога се случуваа, вела да отвориш фрижидер ќе ја видиш Ванковска, бев активна во многу движења, рече Ванковска.
„Не сум случаен минувач во политиката, овој пат сум со поголема самодоверба дека постои еден тим и дел од него во она време пред 10 години кога се кандидирав самостојно беа здружени во групи. Патриотизмот преплетен со левичарството ме врзува со нив. Немам идеја што содржи работната верзија на партијата со која ќе настапи на парламентарните избори, јас ја пишувам мојата. Ниту тие се мешаат во мојата ниту јас во нивната“, кажа Ванковска.
Ванковска посочи дека од времето кога таа се кандидирала за претседател е многу сменето и додаде „за десет години Македонија е се што немаме“.
- Стојаноски: Македонија има најевтина цена на горивата во регионот како и најголем обем на мерки за стабилност на истите
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски објави графички приказ на неколку анализи за цените на горивата во Македонија и регионот. -Факт… - „Њујорк тајмс“ открива: Додека преговараат за Украина, луѓето на Трамп го купуваат „Лукоил“
Преговорите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп со Русија за прекин на војната во Украина се проширија во договор… - ФФМ ги отвори вратите на стадионот „Тодор Проески“ за дуелот со Шкотска за младите фудбалери и сите навивачки групи
На денот кога се игра мечот меѓу Македонија и Шкотска, од Фудбалската федерација на Македонија стигна информација дека влезот на… - Мицкоски oчекува да има поевтинување на дизелот и бензинот следната недела
На денешниот увид на работите со изградбата на мостот „Љубљанска“ на кејот на Вардар во Општина Карпош, премиерот Христијан Мицкоски… - Македонија, Грција и Албанија ќе се здружат во иницијатива за впишување на Преспанското Езеро на Листата на УНЕСКО
По неодамнешното впишување на Олимп на Листата на светско наследство на УНЕСКО, Грција се стреми во каталогот да го вклучи…
