Професорката Билјана Ванковска обвини дека имало зголемено полициско присуство во Крушево за време на прославата на Илинден.

– Крушевчани нека ви кажат ако не ми верувате. Деновиве во Крушево имаше повеќе полиција (аскер!?) од кога било порано. Дури и третманот на нас, гостите, беше индикативен. Полицијата беше таму да ги чува политичарите – од народот. Таква грубост и дрскост досега не сум видела, вели професорката.