Расфрлани лименки, пластични шишиња и остатоци од храна во градскиот парк е сликата денеска низ Охрид, ден по големиот празник Илинден. Екипи на градските комунални претпријатија секојдневно уште од зори се на терен и го собираат ѓубрето, пренесе Скопјеинфо.

– Активности на оперативните служби пред и по Илинден. Продолжуваме со максималниот ангажман за чистење на јавните површини-кејот, градското пристаниште, малото пристаниште кај Палас, во близина на амамот, градскиот парк и други локации, од расфрлани лименки, пластични шишиња и остатоци од храна, кои за жал се реална слика во доцните вечерни часови и наутро. Во вечерните часови се спроведува машинско миење на коловози, пешачки патеки и други јавни површини, кое на одредени места е надополнето со рачно миење. Се одржува хигиената во и околу локациите каде се одржуваат концерти, стои во објавата на ЈП „Охридски комуналец“.