„Црвено-црните“ попладнево загубија од Магдебург со убедливи 31:20 во финалето на „Хумел купот“.

Домаќинот на турнирот, до победата стигна со подобра игра во второто полувреме. По првите 30 минути водството на германскиот клуб беше само еден гол (12:11). Вториот дел донесе нова слика на теренот и по само пет минути, предноста на Магдебург изнесуваше пет погодоци. До крајот на мечот, водството на домаќините се зголемуваше до конечни двоцифрени 11 гола.

Од почетокот на подготовките ова лето, Вардар го загуби и македонскиот Сперкупот од Еурофарм Пелистер, но им се реваншира на битолчани на „Струшкиот турнир“.

Доколку сакаат поголем успех, Вардарци ќе мора да ја подобрат формата и да се прикажат во подобро издание на 26 август за кога е закажан првиот дуел од четвртфиналната пресметка во СЕХА-лигата со ППД Загреб.