Пред одвоените средби со претставниците на Западен Балкан, Вархеји учествуваше на вчерашната дебата за Западен Балкан на Советот за надворешни работи на ЕУ во Брисел, која беше фокусирана врз ситуацијата во БиХ и односите меѓу Србија и Косово.
Вархеји потоа разговараше со српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ и црногорскиот министер за надворешни работи Ѓорѓе Радуловиќ. Денеска Вархеји посебно ќе ги прими министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, вицепремиерот на Косово Бесник Бесљими и министерката за надворешни работи на БиХ Бисера Турковиќ.