Тој поминал 24 часа во полициска станица, а потоа за бугарските медиуми изјавил дека не знае ништо за пликовите со пари и списоците со имиња кои биле најдени во неговиот автомобил во неделата попладне, откако тие ги пријавил еден граѓанин.

-Воопшто не сум ги допрел пликовите кои што беа најдени во мојот автомобил. Веројатно некаде сум ја оставил колата отклучена и ми ги ставиле. Со рака на срцето кажувам дека немам врска со тоа, изјави Стојанов.

Бугарската полиција соопшти дека истрагата за случајот ќе продолжи.

Стојанов беше потпретседател на ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов, но и двајцата поднесоа оставки вчера по катастрофалните резултати на изборите во неделата. ВМРО-БНД освои 1 отсто од гласовите и нема да има пратеници во бугарскиот парламент.