Неодамнешното новинарско истражување во САД откри дека повеќе од 1.700 членови на американскиот Конгрес во минатото биле робовладетели. Како што објави Вашингтон пост, според анализите на регистарот на население и други релевантни извори, најмалку 1.700 членови на Конгресот биле сопственици на црни робови во текот на нивниот живот во 18, во 19 и во 20 век.
Меѓу тие конгресмени бил и сенаторот од Мериленд, Едеард Лојд, кој во 1832 година поседувал 468 робови. Меѓу робовладетелите конгресмени бил и сенаторот од Илиноис, Елиас Кент Кејн, кој во 1820 година се залагал за легализација на ропството.
Од Њујорк, од Њу Џерси, од Пенсилванија и од други држави до 20-те години од 19 век во Конгресот имало робовладетели. Речиси 20 проценти од Конгресот во 1860 и во 1861 година биле од робовладетелските кругови.
Во Конгресот на САД до почетокот на 20 век имало сопственици на робови, кои беа учесници во дебатите за ропството, како и актери во уставните реформи.