Американските центри за контрола и превенција на болести издадоа предупредување до Американците да не патуваат во Канада поради зголемениот број на нови случаи на заразени со Ковид-19 во државата.

Центрите го зголемија своето предупредување да не се патува на „Ниво четири: многу високо“ за Канада, советувајќи ги Американците да не патуваат во соседната земја.

ЦКПБ моментално категоризираат скоро 80 дестинации низ светот на ниво четири. Канада е топ дестинација за патување за Американците.