„Вашиот алгоритам“ на Инстаграм – нов начин за персонализирани теми

Instagram воведува алатка која корисниците ќе им овозможи сами да влијаат врз тоа што им се појавува во фидот. Функцијата, наречена „Вашиот алгоритам“ (Your Algorithm), првично ќе биде достапна во Reels, а подоцна ќе се прошири и на Explore и други делови од апликацијата.

Според компанијата, целта е луѓето да имаат поголема контрола и да можат полесно да ги прилагодуваат темите што ги гледаат:

„Како што се развиваат вашите интереси, сакаме да ви понудиме посмислени начини за управување со тоа што го гледате“, соопшти Instagram.
„Со користење на AI, можете полесно да прегледувате и приспособувате теми кои го оформуваат вашиот Reels фид.“

Како функционира „Вашиот алгоритам“

Опцијата се активира преку иконата во горниот десен агол на Reels, каде што се отвора листа со теми што алгоритмот ги идентификува како ваши интереси. Корисниците добиваат три клучни алатки:

  1. Преглед на актуелните интереси.

  2. Можност за прилагодување на тоа што сакаат почесто или поретко да го гледаат.

  3. Новитет: споделување на својот „алгоритам“ во Story, за следбениците да видат што ги инспирира во моментот.

Предизвици и достапност

Иако Meta ја истакнува AI како средство за подобрување на искуството, дел од корисниците претходно се пожалиле на сензационалистички или неточни содржини создадени од платформата. Се очекува новата алатка да понуди поголема прецизност во препораките.

„Вашиот алгоритам“ е веќе достапен во САД, а глобалното воведување, вклучително и кај нас, се очекува во наредниот период.