Влада за национална пропаст, вака Иванка Василевска започна со денешниот говор од собраниската говорница на која се дискутира за именување на новите министри во владата на СДС, ДУИ и Алијанса на Албанците.
Василевска истакна дека оваа владино прекројување е само инженеринг и обид за да се отвори и промени македонскиот устав.
Ова владино прекројување и ова ново некакво владино мнозинство не е ништо друго, туку инженеринг кое што треба да донесе до можноста или обид да се промени уставот или да се отвори уставот, рече таа.
Според Василевска ова е реконструкција од шупливо во празно, посочувајќи дека и покрај тоа што во ресорите земјоделство и култура има неуспех, денеска се разговара за именување на министри во здравство, правда, информатичко општество и животна средина, додавајќи дека не верува дека нешто ќе се смени во следните 10 месеци колку што им преостанува.
Навидум ова е некаков обид за владина реконструкција, но во суштина менување од шупливо во празно. Тактика која што треба да купи време и да направи обид за да се направи уште еден многу несмасен удар врз унитарноста и она што е национално и државно достоинство, потенцираше Василевска.
Не можам да поверувам дека последните 10тина месеци колку што ви преостануваат од вашето владеење ќе направите било што. Единствено што ќе направите со новиот коалиционен партнер е да наполните нечии џебови, да се обидете да подмирите стари долгови, децидна е таа.