Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција, на која најави нова странска инвестиција, потврди дека поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски е во бегство.

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ: Ова се луѓето кои се уапсени во големата полициска акција во ЕСМ

Васко Ковачевски е во бегство

Според Мицкоски, Ковачевски е единствениот кој останува недостапен за органите на прогонот, додека останатите 22 лица осомничени за криминални активности поврзани со работењето на електраните РЕК Битола, РЕК Осломеј и ТЕЦ Неготино се, како што наведе, под контрола.

Имаме 23 осомничени, минус еден кој можеби побегнал, но очекувам да биде изведен пред лицето на правдата. Не, тој не е во земјава, но предвидувам дека ќе обезбедиме негово фаќање, рече Мицкоски.

Според премиерот сторено е кривично дело од 6,5 милиони евра и најави дека во блиска иднина ќе се појават уште многу сомнежи за што сведочат органите на прогонот.

„Од информациите што ги имам, од министерот Тошковски и директорот Јанев, имаме работа со добро организирана група на високи функционери од компанијата и физички лица кои раководеле со други правни лица“, изјави Мицкоски.

Индиции за сериозен криминал

„Криминалот изнесува 6,5 милиони евра, а има многу докази. Сепак, мора да се придржуваме до презумпцијата на невиност, иако она што е откриено е навистина алармантно“, додаде тој претходно.

Пронајдени 130 илјади евра во кеш

Во меѓувреме, познати се и нови информации, можете да прочитате во продолжение.

Нови информации за истрагата во ЕСМ: Ковачевски не е во земјава, пронајдени се 130 илјади евра во кеш

Полицијата освен физички, терети и четири правни лица.