Учениците кои се примени во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ на 1 септември треба да пристигнат во Полициската академија на МВР во Идризово, заедно со еден родител, старател или законски застапник.
МВР информира дека приемот е закажан во 10:00 часот, кога ќе се потпишуваат договорите за школување. Учениците во Полициската академија ќе престојуваат до 4 септември до 15:00 часот.
Поради интернатското сместување, потребно е да понесат облека, спортска облека, средства за лична хигиена и други лични средства, но не и вредни предмети. Од МВР напоменуваат дека примените ученици треба да се отпишат од средното училиште во кое досега биле редовни ученици, како и од ЕМИС ЕСАРУ системот за е-дневник.
Ранг-листата на примените ученици е официјално објавена и во Средното полициско училиште.
