Општина Битола објави јавен повик за вршење на јавни работи и работно ангажирање на 15 лица за период од 6 месеци.
Со јавниот повик, планирано е ангажирање на:
– 2 лица комунални редари, невработени со средно образование кои ќе ги надгледуваат зелените јавни површини, пријавуваат проблеми и неправилности при узурпирање на истите;
– 13 лица невработени ниско квалификувани и со средно образование кои ќе бидат ангажирани за средување на зелените и јавни површини во градот и руралните средини, средување на речното корито на реката Драгор, средување на Золошката градина, помош при други градежни зафати во делот на инфраструктурата.
Работното ангажирање ќе биде за период од 6 месеци април – септември, во работни денови, понеделник – петок, со ангажман од по 8 работни часа на ден, за што на лицата ќе биде исплатен месечен надоместок во износ од 20.000,00 денари бруто износ. Во износот се пресметани покрај надоместокот за извршената работа во тековниот месец и трошоците за превоз од местото на вршење на работите како и надоместокот за исхрана.
Кандидатите треба да достават барање, копија од документ за идентификација (лична карта).
Заинтересираните кандидати да се јават во период од 6 работни денови од денот на објавување на огласот, заклучно со 30.03.2023 год.
Бараните документи можат да се достават во просториите на Општина Битола ул. ,,Булевар 1 Мај“ бр.61 на шалтер бр 1.
Барањето и јавниот повик се достапни на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/javen-povik-za-angaziranje-15-lica/