Новата година на 1-ви Јануари се слави според Грегоријанскиот календар, кој е и најприфатен во светот. Според Јулијанскиот календар пак вечерва на полноќ настапува Православната нова година или Стара нова како што е наречена меѓу народот. Традицијата да се слави овој празник се негува во Македонија, Србија, Русија, Црна Гора, Белорусија, Украина, Ерусалим, а постои и во некои германски кантони во Швајцарија, како и во некои делови на Шкотска.

Обичаите налагаат да се крши погачата со паричка и според верувањето на тој што ќе му падне, ќе има среќна и бериќетна година.
Утре, православните верници ги празнуваат Обрезание Господово и Свети Василиј Велики или Василица. По тој повод во храмовите се служи света Василиева литургија.