На вечерашната седница се очекува теми да бидат најавената оставка на премиерот и лидер на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев, анализа на изборните резултати и последните случувања на политичката сцена по поднесената иницијатива за доверба на Владата.
За заклучоците и одлуките на Централниот одбор, партијата ќе ја информира јавноста по завршувањето на седницата.