На 19.01.2024 во 14.00 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес ја лишиле од слобода Б.М.(41) од Велес.
При претрес во нејзиниот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, бил пронајден и одземен хероин.
Б.М. била приведена во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.