Британија планира и други алтернативни извори на енергија за домаќинствата и во таа смисла владата ќе им понуди субвенции на граѓаните за да се откажат од греењето на енергенси кои ја загадуваат животната средина.
Со фузија се произведува многу енергија само од мала количина на гориво и не произведува јаглерод диоксид, но за да се предизвика оваа реакција и да се одржи, потребни се екстремни температури и притисоци.
Научниците и инженерите се борат со овој проблем со децении, и постигнаа значителен напредок во последниве години, а Велика Британија веќе е дом на ЏЕТ, еден од водечките проекти за фузија во светот.
Британската Влада ќе направи уште еден чекор напред и ќе објави каде ќе го лоцира STEP, прототип на електрана со фузија, која се предвидува да започне со работа до 2040 година, пренесува Би-Би-Си.
Лондон веќе издвои 220 милиони фунти и ќе се натпреварува со програми од други земји, но и со десетици приватни иницијативи, кои сакаат фузијата да ја претворат во комерцијална реалност.
Од април 2022 година на домаќинствата во Велика Британија ќе им бидат понудени субвенции од 5.000 фунти за поставување топлински пумпи, електрични уреди кои ја апсорбираат топлината од воздухот, земјата или водата околу зградите, јавува Би-Би-Си.
Идејата е државните субвенции да фи мотивираат домаќинствата да се префрлат на овој извор на енергија и со тоа да му дадат поттик на пазарот, а се е дел од владиниот план за намалување на емисиите на стакленички гасови на нето нула до 2050 година.