Велика Британија соопшти за нови санкции против Русија, јави Би-би-си.

Меѓу санкционираните е и руската комесарка за правата на децата, Марија Лвова – Белова, поради „присилно префрлање и посвојување украински деца“.

Санкциониран е и патријархот Кирил, поглаварот на руската Православна црква, поради неговата поддршка и одобрувањето на војната во Украина.

– Ние целиме кон овозможувачите и сторителите на војната на Путин, кои ѝ нанесоа нераскажани страдања на Украина, вклучувајќи ги присилното префрлање и посвојување деца, појасни британската министерка за надворешни работи, Лиз Трас.