Главниот руски преговарач Владимир Медински изјави денеска дека Москва е подготвена да ги рестартира мировните преговори со Украина.

Медински изјавил дека за доцнењето на преговорите е одговорен официјален Киев, бидејќи се уште не одговорил на последните предлози од Русија, јавија руските медиуми.
Во март годинава се водеа повремени разговори меѓу двете страни, вклучително и состанок на делегации на високо ниво во Истанбул, а оттогаш преговорите меѓу Русија и Украина се во застој.