– За ова има материјални докази од записниците на Собранието. Со Владимир Атанасовски, прв пат се имам видено во судница. Со Миле Јанакиевски, сум имал службени контакти до 2015 година. Исто така и со Спиро Ристоски сум имал службени контакти. На 27 април со него сум контактирал за еден инспекциски надзор од Државниот просветен инспекторат, тој во тоа време беше заменик-министер за образование и наука. Голема лага, невистина е дека со Спиро Ристоски сме имале интензивни разговори на 27 април, изјави обвинетиот Вељаноски.