Пријавата до полицијата ја поднеле сопствениците на компанијата, од кои како што беше посочено директорот на РЕК Битола Васко Ковачевски сакал да изнуди пари, а во пријавата се споменува и лице Вице Н., за кого постојат сомнежи дека е братот на премиерот Зоран Заев.

Документите од Бирото за јавна безбедност доставени во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција што беа поделени на средбата Мицкоски кажа дека се добиени од свиркачи. Наводно според информациите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, Велковски го зел оригиналниот документ од Рускоска, и вратил фалсификуван документ во којшто недостасува делот каде што се споменува лицето Вице Н.

Поднесокот од БЈБ до ОЈО бил поднесен во февруари 2020, за време на техничката влада и, според тврдењата на Мицкоски до денеска нема одговор што се случува со предметот.